Министерството за транспорт реагира: Прес-конференцијата на СДСМ е уште една лага, постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури

Макфакс

10/06/2026

16:50

211

Големина на фонт

а а а

Министерството за транспорт ги демантира тврдењата на СДСМ, истакнувајќи дека постапката за спортската инфраструктура во Аеродром се води согласно сите законски процедури и е целосно транспарентна.

„Денешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури“, реагира Министерството за транспорт на прес-конференцијата на СДСМ.

Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани.

Со оглед на тоа дека намената е спорт Министерството за транспорт даде позитивно мислење. Развојот на спортската инфраструктура е приоритет и ние силно ја поддржуваме. Општина Аеродром ја има нашата цела поддршка.

Целата постапка од страна на општината е целосно транспарентна и согласно сите регулативи“, велат од Министерството за транспорт.