Имала бурен љубовен живот, а среќата ја пронашла со 15 години помлад: Сега се свршени

Точка

10/06/2026

12:36

800

Големина на фонт

а а а

Откако поминала неколку години под рефлекторите на јавноста поради нејзиниот приватен живот, актерката Сиена Милер конечно ја пронашла среќата со својот 15-години помлад партнер, Оли Грин, со кого има две деца, а сега двајцата ги „подигнале“ работите на повисоко ниво – парот е свршен.

Веста доаѓа само еден месец откако познатите актери го добија своето второ дете, иако сè уште не го открија полот или името на бебето. Милер ги поттикнала гласините за свршувачка кога се појавила во Шпанија претходно оваа недела носејќи голем дијамантски прстен, а веста за свршувачката подоцна ја потврди „E! News“.


42-годишната актерка за време на излегувањето носела очила за сонце, фармерки и јакна, додека нејзиниот прстен особено се истакнувал. Милер е исто така мајка на 13-годишната Марлоу со поранешниот партнер Том Стариџ, како и на тригодишно девојче кое го доби со Грин во 2023 година.

Милер и Грин (29) се заедно од 2022 година, а пријатели блиски до парот претходно за „Дејли мејл“ изјавиле дека актерот и поранешен манекен одамна јасно ставил до знаење дека сака да го помине остатокот од животот со Милер, додека разликата во годините никогаш не им претставувала проблем.


„Оли и Сиена се толку вљубени, имаат прекрасно семејство и се забавуваат одлично. Тој знае дека Сиена е совршена жена и сака да се ожени со неа. Се надевам дека ова ќе ѝ биде четврта среќа и дека Сиена ќе стигне до олтарот овој пат“, рекол еден инсајдер.


Ова е четврти пат актерката да се сврши, иако никогаш порано не била во брак. Милер претходно имала долгорочна, бурна врска со актерот Џуд Ло на почетокот на 2000-тите. Подоцна била свршена со Стариџ од 2012 до 2015 година, пред да се префрли на бизнисменот Лукас Цвирнер, а парот никогаш не коментирал за гласините за свршувачката пред да се разделат во 2020 година.


Бурниот приватен живот на Милер, исто така, значително влијаел на нејзината кариера и неколку години таа живеела раскалашен живот и експериментирала со разни опијати. Била поврзувана со афери со други актери, од кои еден била оженет, Балтазар Гети. Меѓутоа сега избрала мирен семеен живот и се држи подалеку од скандали.