Емотивната Трејси Шо призна дека „нема повеќе сила“ откако итно била префрлена во болница поради тешки несакани ефекти од хемотерапијата.
Актерката, најпозната по улогата во серијата „Coronation Street“, на која ѝ беше дијагностициран рак на дојка во април, откри дека била сама дома во времето на кризата и била принудена да побара помош од соседите.
Трејси се огласила на Инстаграм во неделата, десет дена откако завршила циклус хемотерапија. Иако лекарите ја увериле дека нејзината состојба е стабилна и ѝ препишале дополнителна терапија, 52-годишната актерка едвај ги задржала солзите, велејќи дека „се чувствува ранлива како дете“. Таа ги откри и непријатните детали од нејзината борба со болеста, наведувајќи дека страда од габични инфекции и тешки дигестивни нарушувања.
„Десетти ден е, мојот син мораше да оди на свадба. Мислев дека ќе можам сама да го направам тоа, но завршив во одделот за итни случаи. Немам повеќе сила. Замислував во главата дека ќе имам барем една недела одмор по хемотерапијата“, изјавила скршената актерка.
Трејси додала дека речиси ништо не јаде, а нејзината исхрана е сведена на јајца, обичен чипс и леб. Зборувајќи за последиците од третманот, таа истакна: „Ова се ефектите што хемотерапијата ги остава врз телото. Убива сè, вклучително и слузницата на мојот стомак. Се чувствувам кревко, луѓето и бучавата ме вознемируваат. Ушите ми станаа неверојатно чувствителни“.
Обожавателите веднаш ја преплавиле нејзината објава со пораки за поддршка: „Трејси, неверојатна си, ти ја испраќаме целата љубов и сила. Силна си дури и кога не ти се сака! Ти благодариме што ја сподели твојата приказна.“, други додале: „Тешки се вашите објави за гледање, но толку искрени и храбри. Ви испраќаме позитивни вибрации.“

Трејси Шо го отелотвори ликот на Максин Пикок во култната серија од 1995 до 2003 година.
Таа претходно сподели со јавноста дека тестовите покажале присуство на протеинот HER2, што бара поагресивен пристап кон третманот. По хемотерапијата, актерката се очекува да се подложи на операција за отстранување на грутки и лимфни јазли, по што ќе следи радиотерапија.








