Трамп: Му реков на Биби да внимава што прави

Макфакс

08/06/2026

21:52

230

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се воздржи од ескалација во конфликтот со Иран, истовремено истакнувајќи дека Израел има право на одбрана.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не дозволи конфликтот со Иран да прерасне во целосна војна.

„Му реков на Биби да внимава што прави бидејќи многу брзо може да остане сам против Иран“, изјавил Трамп за израелскиот Канал 12.

Трамп тврди дека Нетанјаху го известил Вашингтон во последен момент за одлуката да изврши напад врз Иран и дека успеал да ги намали размерите на операцијата.

Според американскиот претседател, Иран преку посредници испратил порака дека нема повеќе да го напаѓа Израел и побарал прекин на израелските напади.

Во меѓувреме, Нетанјаху порача дека Израел има целосно право да се брани и дека ќе го користи тоа право онолку колку што е потребно.