Пратеникот Бране Петрушевски истакнува дека Треба Јавното обвинителство да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари, што е дел од афера поврзана со митото во Царина. Петрушевски ги критикува СДС и Филипче за молк и непостапување по ова прашање.
Афера во Царина вредна 18 милиони денари
Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари. Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавен обвинител да провери
Петрушевски е дециден дека Јавното обвинителство мора да истражи дали е точна информацијата до која дошле дека Богац требал да добие 10 проценти од местениот тендер, односно 1,8 милиони денари.
„И СДС и Филипче молчат и не се оградуваат од криминалните афери на своите членови. Еден ден е Богац, еден ден е поранешен градоначалник на општина, друг ден е член на ИО на СДС, трет ден цели фамилии, браќа, братучеди, кланови.
Од Филипче и СДС никаква осуда. Колку пари требал да земе Богац за Филипче да го смета ова за криминал? Дали можеби 20% како што Филипче зема за модуларната?
Ова е СДС матрица на дело“. Граѓаните, додава тој, мора да го увидат нивниот начин на владеење за никогаш повторно да не ни се случи.







