Триесет и деветгодишен маж од Битола се здобил со тешки телесни повреди по пад од мопед во село Обедник, Демир Хисар. Несреќата се случила околу 18:20 часот, а повредите биле констатирани во клиничката болница во Битола.
Триесет и деветгодишен маж од Битола се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од мопед на локален пат во село Обедник, општина Демир Хисар.
Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 18:20 часот, кога Б.Ј. (39) управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.
Повредите биле констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.







