Француско-германскиот нон-пејпер предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство

A1ON.MK

05/06/2026

18:10

373

Големина на фонт

а а а

Според документот, потребно е воведување дополнителни стимулации во процесот заснован на заслуги и постепено поедноставување на сегашната методологија со цел да се овозможи побрза и подлабока интеграција врз основа на Копенхашките критериуми

Европската комисија е поканета да презентира предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите-кандидатки за ЕУ, како и, меѓу другото, привилегиран пристап до внатрешниот пазар врз основа на нивниот значаен напредок во преговорите и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на донесување одлуки, според француско-германскиот нон-пејпер презентиран на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват.


Како што е наведено во документот насловен како „Нов импулс за придонес кон проширувањето пред претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан (5 јуни 2026 година) и самитот ЕУ-Молдавија (22 јуни 2026 година)“, „проширувањето останува една од најатрактивните понуди и највлијателните политички инструменти што ги има Унијата“.


„Но, политиката на проширување има потреба од нов импулс – претстојните самити што ЕУ ќе ги одржи со Западен Балкан (5 јуни) и со Молдавија (22 јуни) претставуваат можност што не смееме да ја пропуштиме. Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како вистинска Европска Унија“, се наведува во документот.