Премиерот Христијан Мицкоски разговараше со европските дипломати за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, истакнувајќи ја важноста на реформите и зачувувањето на националното достоинство во процесот на проширување.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват изјави дека имал средба со европските дипломати, меѓу нив и со германскиот канцелар Фридрих Мерц на која било разговарано за француско-германскиот документ за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија пред нивното полноправно членство. Мицкоски во изјава за медиумите нагласи дека треба да бидеме трпеливи, бидејќи како што рече, ова се моменти кога ЕУ, односно Европскиот Совет јасно кажува дека процесот на проширување станува жив.
Европски аспирации
„Она што е наша задача како влада е да тој процес го зачуваме, да напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството како што тоа беше пример во минатите децении. Кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во ЕУ, наша цел е да станеме држава која испорачува најмногу реформи, исторвремено да останеме и фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство.
Уставни измени
Во врска со прашањето за уставните измени Мицкоски нагласи дека и тие биле тема на разговорите со европските лидери.
„Но нашиот став е тој, и ние заслужуваме многу повеќе од потпросечни политички медиокритети, како што беше претходната влада, да ни ја креираат европската судбина. И мислам дека голем дел од земјите членки на ЕУ тоа го разбираат.
Самитот ЕУ – Западен Балкан
Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват е посветен на европската интеграција на регионот, а една од главните теми е новиот француско-германски предлог за постепено вклучување на земјите кандидати во европските политики и единствениот пазар уште пред полноправното членство.











