Последен ден од акцијата за отплата на долгови за вода без пресметка на камата

Макфакс

05/06/2026

09:26

500

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација – Скопје објавува дека 5 јуни 2026 е последен ден за плаќање на заостанати долгови без пресметка на камата за вода. Акцијата не важи за државни и локални институции.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека денес, 05.06.2026 година, е последен ден од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје“, соопштија од Водовод и канализација.

По истекот на денешниот ден, одлуката престанува да важи.