[ФОТО] Патници на брод снимиле интересни сцени: Огромни „фигури“ лебделе над морето - ова е објаснувањето

Точка

05/06/2026

08:45

1.469

Големина на фонт

а а а

Патувањето со брод по брегот на Корнвол се претворило во необично искуство откако патниците забележаа бизарна глетка на хоризонтот.

Набрзо, фотографиите се појавија на интернет, привлекувајќи големо внимание и покренувајќи бројни прашања, објавува „Мирор“.

„Беше нереално...“

Сведоците наведуваат дека мистериозниот феномен „се менувал“ пред нивните очи, земајќи една форма, па друга, додека се чини дека „лебди“ над површината на морето.


Фотографиите се направени во близина на градот Сент Ивс, за време на туристичко патување организирано од компанијата „Сент Ивс Ботс“.

„Беше нереално да се набљудуваат тие огромни „структури“ и чудни атмосферски промени. И ние и нашите патници бевме целосно воодушевени во одредени моменти. Убедени сме дека станува збор за „визуелно нарушување“ на контејнерските бродови, видени во далечината“, изјавиле претставниците на компанијата.

Експертите веруваат дека драматичната сцена веројатно е предизвикана од оптичка илузија позната како фотоморгана. Обично се јавува кога светлината се прекршува и поминува низ слоеви на воздух со различни температури. Како резултат на тоа, далечните објекти може да изгледаат искривени, издолжени или подигнати над хоризонтот.

Коментари

Оваа оптичка илузија ги фасцинира набљудувачите со векови и често се поврзува со фолклор и легенди. Приказните за „фантомски острови“, „лебдечки замоци“ и „магични земји“ често се поврзуваат со слични феномени.


Фотографиите предизвикале бројни реакции на социјалните мрежи, каде што корисниците ги изразиле своите теории, но исто така се шегувале за тоа што го виделе.

Еден корисник напишал: „Бродови на духови во маглата од некои древни времиња“. Друг продолжил: „Тие се вонземјани“.