Во најновата епизода од емисијата „Код“ на Снежана Лупевска-Созен се открива дека македонските власти протерале двајца српски државјани за кои била отворена истрага бидејќи често се појавувале во голем фитнес клуб кој имал многу ВИП клиенти.
Тие доаѓале постојано, фотографирале, некогаш и не вежбале. Лицата се приведени, а им се одземени и телефони.
Од податоците од телефоните во истрагата се откриени фотографии од посетители на теретаната и пораки за навики на бизнисменка. Истрагата се сомневала дека станува збор за шифри за да се скрие таргетот на нивната операција, но немало повеќе докази и лицата биле протерани.
Во истиот месец, во мај, протеран е уште еден сомнителен српски државјанин за кого е утврдено дека е припадник на српски нарко клан. Тој имал двајца јатаци во Скопје, од кои една малолетна девојка. Протераниот и кланот имале и две засолништа, во Драчево и Трубарево.
Српските медиуми тврдеа дека протераниот е платен убиец иако македонските органи немале таков податок. Тие се сомневале дека регрутира млади за криминални активности во Србија.
Службите имаат информации дека 20-тина млади од Скопје се врбувани и работат за нарко клан во Србија. Покрај за дилање дрога, двајца учествувале во ликвидации.
Во продолжение, погледнете ја целата епизода на „Код“:











