[ВИДЕО] Кувајт објави снимки од последиците: голема штета по иранскиот напад

Макфакс

03/06/2026

20:40

262

Големина на фонт

а а а

Кувајт објави снимки кои ја прикажуваат големата штета на Меѓународниот аеродром во Кувајт по иранскиот ракетен и дронски напад. Загина еден индиски државјанин, а десетици се повредени. Иран ја потврди одговорноста за нападот како самоодбрана, додека ситуацијата во Заливот останува напната меѓу САД и Иран.

Кувајтското Министерство за внатрешни работи објави снимки кои покажуваат голема штета на Меѓународниот аеродром во Кувајт по ракетен и дронски напад извршен од Иран рано утрово.

Според официјалните информации, во нападот загинал еден индиски државјанин, а најмалку 63 лица се повредени. Дел од проектилите и дроновите биле пресретнати од противвоздушната одбрана, но некои сепак погодиле делови од аеродромската инфраструктура.

Иранските власти потврдија дека го извршиле нападот и изјавија дека станува збор за „самоодбрана“, насочена кон локации поврзани со американската војска. Нападите следуваат по претходна американска акција во регионот.

Ситуацијата во Заливот останува напната, со обвинувања и контранапади меѓу САД и Иран.