Жителите на Палермо незадоволни поради свадбата на Дуа Липа: „Нека одржи бесплатен концерт“

Точка

03/06/2026

18:48

532

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа и Калум Тарнер оваа недела ќе се венчаат во Италија, а тридневната прослава на Сицилија ќе следува по граѓанската церемонија што се одржа во неделата во Лондон.

Станува збор за настан што веќе се нарекува свадба на годината, а подготовките за доаѓањето на славниот пар и нивните гости се во полн ек.


Големи мерки за обезбедување во Палермо

Поради свадбата, во Палермо наводно целосно ќе бидат затворени два градски плоштади — Пјаца Санта Ана и Пјаца Кроче деи Веспри. Полицијата и обезбедувањето се подготвуваат да постават „челичен прстен“ околу плоштадите од четврток до сабота. Интересно е што локалните власти издале нејасно известување во кое тврдат дека се подготвуваат за „демонстрација“, наместо официјално да ја потврдат свадбата.


„Сè се чува во најголема тајност. Обезбедувањето е приватно, но во организацијата е вклучена и локалната полиција. Плоштадите што ќе бидат затворени и онака се пешачки зони, а властите ја искористиле приказната за ’демонстрација на плоштад‘ на Пјаца Санта Ана и Пјаца Кроче деи Веспри како изговор за поставување бариери и оневозможување пристап за пешаци“, изјавил извор за „Сан“.

Договори за доверливост и поделени мислења

Раскошната прослава донела и строги упатства за жителите на Палермо, од кои некои наводно морале да потпишат договори за доверливост. Мислењата на граѓаните за затворањето на плоштадите се поделени, а некои на шега се прашувале дали Дуа Липа за возврат ќе им одржи бесплатен концерт на плажа.


Луксузни локации и славни гости

Свадбата на поп-ѕвездата и актерот предизвика огромен интерес во јавноста. Парот, наводно, не штедел на прославата и резервирал цел кат во луксузниот хотел Вила Игија со поглед кон Тиренското Море. Самата церемонија треба да се одржи во вилата Валгварнера, најпознатиот имот во Багерија, недалеку од Палермо. Централниот дел од забавата, во сабота, ќе биде во палатата Ганги.


Се очекуваат околу 300 гости, меѓу кои семејството и пријателите, а дел од нив на островот ќе пристигнат со приватни авиони. Меѓу познатите имиња што наводно добиле покана се Елтон Џон, Марк Ронсон, Чарли Екс Си Екс и Донатела Версаче.