Јунајтед исплати 40 милиони евра и го активираше првото летно засилување во ерата на Карик

Дерби

03/06/2026

11:11

1.400

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед ги финираше последните детали за ангажман на бразилскиот играч за врска Едерсон, па Мајкл Карик во најскоро можно време ќе го добие првото летно засилување како менаџер на првиот тим.

26-годишниот бразилски фудбалер договорил четиригодишен престој на „Олд Трафорд“, а после неколку недели преговори, договор постигнале и двата клуба.

„Атлетик“ прв ја пренесе информацијата во раните утрински часови, па сега со потврда на истата излезе и угледниот „Би-Би-Си“, медиум кој никогаш не греши кога се трансферите во прашање.

Манчестер Јунајтед постигнал конечен договор со Аталанта за исплаќање на 40 милиони евра за бразилскиот играч за врска, на кого сега му преостанува да ги комплетира уште медицинските тестови.

Едерсон се очекува да биде директна замена за сонародникот Касемиро кој си замина по крајот на сезоната, а очекувањата се Јунајтед да купи најмалку уште еден, а можеби и уште двајца играчи за врска до крајот на летниот преоден рок.

Трансферот во прв момент достигнува фиксни 40 милиони евра, но Аталанта може да заработи и дополнителни 5 милиони евра ако се активираат неколку бонуси.