Дигиталните плаќања стануваат клучен двигател на растот во Битола, каде практично секое второ претпријатие бележи директно зголемување на бројот на клиенти, додека приближно ист број од нив регистрирале пораст на приходите од продажба по воведувањето на оваа опција, покажува „Вредноста на дигиталните плаќања“, регионално истражување на компанијата Visa.
Резултатите добиени преку директни разговори со локални стопанственици откриваат дека големо мнозинство претприемачи (дури 85 проценти) кои овозможиле картични плаќања се исклучително задоволни од профитот што го оствариле преку оваа можност. Тие во дигитализацијата препознаваат паметна инвестиција која го модернизира нивниот бизнис и значително го унапредува односот со клиентите.
Битола јасно се издвојува како средина што брзо ги прифаќа предностите на современата економија. Меѓу оние што прифаќаат дигитални плаќања, доминантен број ја користи можноста за бесконтактно плаќање, додека секој трет претприемач веќе ја применува иновативната Tap-to-phone технологија. Локалните стопанственици истакнуваат дека ваквиот начин на работа им овозможува значително побрза услуга и намалување на редиците на касите, додека убедливо мнозинство од испитаниците смета дека прифаќањето картички ги прави помодерни и поиновативни во очите на потрошувачите.

„Дигиталните плаќања денес се инфраструктура која им овозможува токму на градови како Битола да бидат повидливи, подостапни и поконкурентни на туристичката мапа на Европа. Кога им овозможувате на туристите да плаќаат едноставно и без бариери, директно ја зголемувате потрошувачката, го продолжувате нивниот престој и создавате нови можности за локалните бизниси. Токму затоа, заедно со Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија и нашите банкарски партнери, ќе покренеме иницијатива насочена кон поддршка на дигитализацијата на малите и средните претпријатија во Битола. Целта на овој проект е да им помогнеме на традиционалните трговци да воведат дигитални плаќања, да го унапредат своето работење и да станат дел од современите туристички и економски текови. Веруваме дека на овој начин не само што ја зачувуваме автентичноста на Битола, туку ѝ даваме нови алатки за раст, овозможувајќи им на локалните претприемачи да привлечат поголем број туристи, да го зголемат прометот и долгорочно да развијат попрофитабилни и одржливи бизниси“, изјави Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.
Иако готовината и понатаму учествува со нешто помалку од половина од вкупната вредност на трансакциите (44 проценти), околу две третини од бизнис лидерите во Битола го доживуваат вложувањето во дигитални технологии како директна инвестиција во развојот, а не како обичен трошок. За преостанатиот дел од пазарот кој сè уште работи исклучиво со готовина, мотивацијата за промена е исклучително висока. Дури 82 проценти од тие претприемачи наведуваат дека финансиски поттикнувања, едукација и подобри услови од банките би ги мотивирале да воведат терминали во своите објекти. Дополнително, секој трет испитаник кој веќе прифаќа картички планира во блиска иднина да инвестира во нови платни технологии, со што се потврдува долгорочниот тренд на модернизација на деловниот сектор во Битола.
Истражувањето „Вредноста на дигиталните плаќања“ е реализирано преку директни интервјуа со 250 носители на одлуки во компании низ Северна Македонија, вклучувајќи и значаен примерок од 70 претпријатија од Битола. Анализата ги опфати секторите трговија, угостителство и услуги, обезбедувајќи сеопфатен увид во насоките на дигиталната еволуција на македонскиот пазар.
Комерцијален текст















