Полициските органи од Куманово поднесоа кривична пријава против маж од кумановско кој подолго време вршел психичко насилство и демнење над својата поранешна партнерка.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36) од село Черкези, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство, ја следел и ја вознемирувал од различни телефонски броеви неговата поранешна партнерка, а притоа ѝ упатувал и закани.







