Австралиската инфлуенсерка Ел Фергусон се нашла на удар на критики откако се пофалила дека патувала дури 30 часа за да купи пар дизајнерски чевли.
Оваа 41-годишна ѕвезда на социјалните мрежи, на Инстаграм објавила видео од бутикот на Валентино во Париз, каде што пробала чевли чија цена изнесува 1.680 американски долари, односно околу 1.470 евра.
Необичните чевли со отворени прсти и проѕирен ремен привлекле големо внимание.
„Патував 30 часа од Сиднеј до Париз за да дојдам до чевлите на сезоната. Поздравете ги Open Toe Révélé салонките од превртена кожа“, напишала Ел во објавата.
Но, многумина од нејзините следбеници не беа воодушевени од чевлите. Голем број од нив го опишале моделот како грд и прескап.
„Одвратно. Девојко, си потрошила пари на чевли што се грди, прескапи и лесно ќе се оштетат“, напишала еден корисничка. Друга додала дека проѕирниот дел многу брзо ќе се уништи при носење.
Освен самиот изглед на чевлите, многумина го критикувале и патувањето во Париз само за купување еден моден додаток.
„Зарем немаше попаметна работа?“, прашал еден следбеник, додека друг коментирал: „Не можеше едноставно да ги нарачаш?“
Сепак, има и такви на кои им се допаднал нејзиниот избор.
„Навистина се посебни и поинакви“, напишала една следбеничка. „Мене всушност ми се допаѓаат“, додала друга, а трета заклучила: „Ова дефинитивно се чевли за кул девојки“.
Подоцна се пофалила дека, освен чевлите купила и чанта Шанел, за која жени со часови стоеле во редица.
Оваа расправа за чевлите уследи само неколку дена откако Ел предизвикала голем број реакции со тврдењето дека дизајнерска кутија за накит е подобра од родителството. Имено инфлуенсерката која нема деца, објавила видео во кое позира со Луј Витон кутија за накит во форма на школка, чија цена изнесува 23.600 американски долари, односно околу 20.700 евра.
Во видеото напишала: „Видов дека некој од моето средно училиште објавил фотографија со три деца и напишал: ’Што може да биде подобро од ова?‘. Со должна почит, одговорот е Луј Витон кутија за накит во форма на школка вредна 23.600 долари“.
Подоцна се обидела да ги ублажи реакциите со пораката: „Не го сфаќајте ова премногу сериозно“.
Тоа сепак не ги запрело критиките.
„Со должна почит, се надевам дека се шегуваш“, напишал еден корисник.
„Децата вредат многу повеќе од каква било Луј Витон кутија за накит“, додал друг.
Трет напишал: „Таа кутија никогаш нема да ти каже: ’Мамо, те сакам најмногу на светот‘. Ништо не може да го надмине тоа чувство“.