Средба Хоџа – Варанк: Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31

Макфакс

02/06/2026

09:31

202

Големина на фонт

а а а

Министерот Муамед Хоџа одржа билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31, каде што разговараа за зајакнување на соработката помеѓу Северна Македонија и Турција во светло на климатските предизвици и предстоящата Конференција на Обединетите нации за климатски промени во Анталија.

Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски промени на Република Турција.

На средбата беа разменети мислења за актуелните климатски предизвици, енергетската транзиција и подготовките во пресрет на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP31, која ќе се одржи во Анталија.

Соговорниците ја истакнаа важноста на билатералната и регионалната соработка во справувањето со климатските промени, како и потребата од забрзување на имплементацијата на климатските политики преку инвестиции, размена на знаења и заеднички иницијативи.

Министерот Хоџа го поздрави ангажманот на турското претседателство со COP31 и ја нагласи подготвеноста на Северна Македонија активно да придонесува во процесите што ќе водат кон конкретни резултати за регионот.