[ФОТО] Дуа Липа за својата венчавка го украла стилот на жената која неприкосновено седи на тронот „најубавата невеста во историјата“ веќе 55 години: Светот „бруи“ за нејзиниот бел комплет

Точка

01/06/2026

21:32

574

Големина на фонт

а а а

На интимна венчавка во Лондон, одржана на 31 мај 2026 година, Дуа Липа и Калум Тарнер го изговорија судбоносното „да“, но најголемо внимание од јавноста го украде модниот избор на невестата.

Наместо традиционална и раскошна венчаница, познатата пејачка се одлучила за елегантен бел костум со здолниште од „couture“ колекцијата на модната куќа „Schiaparelli“.

Овој необичен изглед на Дуа Липа како невеста веднаш предизвика лавина коментари и споредби со едно од најпознатите венчални изданија во историјата на популарната култура – она што го носела Бјанка Џегер на својата венчавка со Мик Џегер во 1971 година.

Во време кога класичните бели венчаници биле апсолутен императив, Бјанка го шокирала светот појавувајќи се во бел комплет од модната куќа „Yves Saint Laurent“. Нејзиниот аутфит се состоел од долга здолниште и легендарен смокинг-сако што го носела на гола кожа, без блуза или корсет, што и денес се смета за симбол на модно смела и храбра невеста.

Шеширот како клучен елемент на модниот земјотрес

Иако Дуа Липа не отишла по толку провокативен пат, таа ги презела клучните елементи кои стилот на Бјанка го направиле безвременски. Нејзиниот двоен костим од „Schiaparelli“ со архитектонски обликувана силуета зрачи со софистицираност, а посебно внимание привлекол највпечатливиот детал – големиот бел шешир на британскиот мајстор Стивен Џонс.

Токму драматичниот шешир со широк обод бил заштитен знак на Бјанка Џегер, а и во двата случаи овој моден елемент не бил само додаток, туку клучен дел кој на целиот изглед му дал доза на гламур и театралност.

Модните критичари истакнуваат дека, иако двете невести делат иста модна филозофија и оддалечување од традиционалната венчаница во корист на кроеви што ја спојуваат женственоста и високата мода, сепак тие претставуваат различни епохи.

Додека Бјанка Џегер го отелотворувала духот на седумдесеттите, бунтот и отфрлањето на општествените очекувања, Дуа Липа претставува нова генерација млади кои не сакаат да избираат помеѓу традицијата и модата. Стилот на пејачката бил значително поромантичен и поуреден, внимателно дополнет со бели ракавици, „couture“ детали и чевли од „Christian Louboutin“.

Стилистите и модните познавачи се согласуваат дека овој аутфит во никој случај не е обична случајност, туку промислена посвета на една од најславните невести на сите времиња. Дуа Липа со својата реинтерпретација совршено покажа како модните кодови од минатото можат да се прилагодат на новото време и новата генерација преку носив луксуз, при што се задржуваат препознатливоста, елеганцијата и смелоста.