[ФОТО/ВИДЕО] Легендата на деведесеттите се појавила во јавност првпат по 11 години: Погледнете како изгледа денес

Кармин

30/05/2026

12:13

572

Големина на фонт

а а а

По повеќе од една деценија, актерката Џоан Кјузак се појавила на црвениот килим, пристигнувајќи на премиерата на новото продолжение на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“.

Актерката 11 години отсуствувала од холивудските настани, но новото продолжение на хит-филмот, во кој таа го позајмува гласот на куклата Џеси, беше доволно добра причина повторно да се појави во јавност. Така, актерката била фотографирана заедно со своите колеги Том Хенкс, кој му го позајмува гласот на главниот лик Вуди и Тим Ален (Баз Лајтјир), како и со режисерот Ендру Стентон.


Шеесет и тригодишната актерка на премиерата пристигнала во елегантно издание. Носела елегантна бела кошула, вовлечена во долго, шик црно здолниште. Комбинацијата ја надополнила со очила со дебели црни рамки, додека косата ѝ била стилизирана во боб-фризура со шишки до веѓите, кои ѝ го покривале челото.



Кјузак исто така се фотографирала и со другите колеги — Грета Ли, која го позајмува гласот на Лилипад и Тони Хејл, кој му го позајмува гласот на Форки, како и со својот сопруг Ричард Бурк.


Последен пат била видена на црвениот килим на доделувањето на наградите „Еми“ во 2015 година во Лос Анџелес, пишува Пејџ Сикс. Тогаш дома ја однела и својата прва статуетка за најдобра гостувачка актерка во хумористична серија „Shameless“.


Потоа се повлекла од холивудскиот живот, одлучувајќи да ужива со Бурк и нивните два сина, Дилан Џон и Мајлс, во Чикаго.


Во текот на својата богата кариера заработила и две номинации за „Оскар“ — во 1989 година за најдобра споредна актерка за улогата во филмот „Working Girl“ и во 1998 година за улогата во филмот „In & Out“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk