[ВИДЕО] Филипче: Продолжувањето на преговорите зависи само од власта која свесно го загрозува европскиот пат со лажен патриотизам

Макфакс

31/05/2026

13:00

138

Големина на фонт

а а а

Дали Македонија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од актуелната власт, која очигледно нема желба да го направи тој чекор, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој останува на цврстиот став дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет, јазик или која било друга национална одредница.

Во изјава за медиумите пред почетокот на Конгресот на НСДП, лидерот на опозицијата истакна дека власта намерно шири страв меѓу граѓаните за да го блокира процесот кој сам по себе не носи никаков ризик за државата.

„Билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка“

Одговарајќи на прашањето дали СДСМ е сигурна дека уставните измени се последното барање од Софија и Брисел, Филипче потенцираше дека граѓаните мора да ја знаат вистината за начинот на кој се водат преговорите со Унијата.

„Билатералните прашања со која било земја членка на Европската Унија не се дел од нашата преговарачка рамка. Тие прашања се решаваат билатерално и никако не можат да влијаат или да го сопрат европскиот пат, односно отворањето и затворањето на кластерите, исто како што поминала секоја земја која се приклучила во ЕУ“, изјави Филипче.

Лажен патриотизам на браникот на личните интереси

Претседателот на СДСМ ја обвини владата предводена од Христијан Мицкоски за манипулација со народот преку глумење патриотизам, слична на онаа од предизборниот период во 2024 година.

„Ова е само уште една лага и манипулација на оваа власт, затоа што сакаат да глумат патриоти дека се тие на браникот на одбрана на националните интереси на државата, што не е вистина. Поради тоа што со тоа што не се продолжува европскиот пат, оваа власт на чело со Христијан Мицкоски националните интереси и иднината на земјата директно ги загрозува“, заклучи Филипче.