ВЛЕН: Блерим Беџети молчеше, денес се обидува да ги манипулира албанските студенти

Макфакс

29/05/2026

14:50

269

Големина на фонт

а а а

Статијата ги изнесува критиките од ВЛЕН кон Блерим Беџети, поранешен министер за правда, поради неспособноста да овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик и ја поставува дилемата за неговата улога и одговорност во заштитата на правата на албанската заедница.

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик?

Одговорот е болен, но јасен – ништо, велат од ВЛЕН.

„Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. Молчеше. Го остави проблемот отворен, а денес се обидува да се претстави како заштитник на кауза што самиот ја напушти додека беше министер“, се наведува во соопштението.

Од ВЛЕН велат дека ова не било ниту прв, ниту последен пат Блерим Беџети и ДУИ да потфрлат во заштитата на интересите на Албанците.

„Граѓаните не го заборавија ниту објавениот разговор во кој, во комуникација со Муса Џафери, се слуша озлогласената реченица: ‘Ајде, еден Албанец помалку во обвинителството нема да нè однесе во Рај.’ Оваа реченица не е лапсус. Оваа реченица е начин на размислување. Таа покажува како Албанците биле третирани со години од оние кои знаеле да зборуваат во име на народот, а зад затворени врати ги продавале позициите што им припаѓаат на Албанците. Затоа не е случајно што не го решија ниту прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Не е случајно ниту тоа што работните места што им припаѓаа на Албанците често завршуваа во политички пазари со тогашната власт и со мрежите на Никола Груевски и Сашо Мијалков“, велат од ВЛЕН.

Од таму велат дека Беџети пред да зборува за правосудниот испит на албански јазик, треба да им објасни на Албанците зошто не го решил овој проблем во текот на 1058-те дена додека беше министер.