Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра

Макфакс

27/05/2026

13:00

233

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Бране Петрушевски го обвинува Трпе Деаноски, претседателот на УПОЗ, дека потрошил над 60.000 евра на луксуз и спортски игри во Црна Гора, користејќи средства од синдикалната чланарина. Обвинувањата се однесуваат на организирање на луксузно патување и игри на трошок на членовите на синдикатот.

Петрушевски обвинува за луксуз и спортски игри во Црна Гора

Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците кои од својата плата ги даваат за чланарина, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели додека во Македонија велел дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и мизерија, Трпе Деаноски во Црна Гора се луксузирал на трошок на неговите синдикалци.

Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ и дел од раководството на ССМ, ги троши парите од чланарините на синдикалците за луксуз, шетање и организирање на спортски игри. Трпе Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не во Скопје, Охрид, Дојран или Струмица, туку во атрактивното и луксузно туристичко место Чањ, во Црна Гора. На Трпе Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои многупати се одржувале во Македонија, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра. Синдикалците на батерии си го покажаа правото лице. Пред камерите глумат загрижени и борци за поголеми плати, а позади камерите се луксузираат на грбот на своите членови“, рече Петрушевски.