[ФОТО] Џенифер Лопез ги покажа извајаните стомачни мускули: Пејачката го довела телото до совршенство

Кармин

27/05/2026

07:40

2.932

Големина на фонт

а а а

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ги израдува следбениците на социјалните мрежи објавувајќи фотографии на кои позира во бикини што ги истакна нејзините стомачни мускули.

Денот на сеќавањето (Memorial Day) го помина уживајќи покрај базен со најблиските, меѓу кои се и нејзините близнаци Макс и Ема.

„Го поминувам денот со луѓето што ги сакам. Среќен Ден на сеќавањето на сите“, наведе во описот на објавата на Инстаграм.


Таа носела бел фустан со светки, а потоа се соблекла во бикини во истата боја. Изгледот го надополнила со шминка во природни нијанси и шешир. Во коментари се редат комплименти.

„Секогаш преубава“, „Оваа жена изгледа беспрекорно и на 56 години“, „Дефинитивно најатрактивната пејачка“, се дел од нив.


По низата концерти што во изминатиот период ги одржа во Лас Вегас, Џенифер Лопез уживаше во одмор далеку од камерите. „Netflix“ за 5 јуни ја најави премиерата на комедијата „Office Romance“ во која таа глуми.

Ова кинематографско остварување го режираше Ол Паркер, а ја носи приказната за Џеки (Џенифер Лопез), извршна директорка на „Air Cruz“, која се вљубува во својот колега Даниел Бланчфлауер, кого го глуми Брет Голдстеин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk