Во околината на Скопје, во општина Студеничани, пешак бил прегазен од патничко возило, при што задобил тешки телесни повреди. Увид од случајот извршила полицијата.
Во СВР Скопје синоќа во 20:55 часот било пријавено дека на патот с.Батинци -с.Маркова Сушица, општина Студеничани, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И., удрило во пешакот И.М. (65) двајцата од с.Цветово, општина Студеничани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.







