Погледнете ја најновата временска прогноза која предвидува сончево и топло време утре со мали до умерени облаци и температури кои ќе достигнат до 32 степени, како и подетален преглед за наредните денови со услови за пороен дожд и нестабилности во одредени региони.
Денес измерени 16 степени на Попова Шапка, 20 во Крушево, 21 во Маврови Анови, 22 Лазарополе, 24 во Охрид, Претор, 25 во Берово, Битола, Прилеп, 27 во Крива Паланка, 28 во Тетово, 29 степени се измерени во Штип, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, 30 степени биле измерени во Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес и 31 степен во Демир Капија и Гевгелија.
Според најавите од УХМР до крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во јужните делови.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневнте часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h). Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.







