Синот на претседателот на САД, Доналд Трамп Помладиот, и 39-годишната манекенка и филантропка Бетина Андерсон официјално се венчаа вчера, на приватна церемонија во Флорида.
Според наводите на „TMZ“, парот ја завршил потребната правна процедура во четвртокот во округот Палм Бич на Флорида, каде што биле потпишани сите документи неопходни за одржување на венчавката надвор од Соединетите Американски Држави.
Како што се наведува, бракот официјално го потврдил адвокатот за недвижности Бред Мекферсон, кој со години соработува со семејството Трамп.
Како што наведува „TMZ“, станува збор за административна формалност што парот морал да ја заврши пред самата венчавка која ќе биде одржана надвор од Соединетите Американски Држави. Во документацијата, исто така, е наведено дека Бетина засега правно нема да го промени презимето во Трамп.
Исто така, парот планира овој викенд да ги размени брачните завети на приватна церемонија на Бахамите, во присуство на потесниот круг на семејството и блиските пријатели. Сепак, меѓу гостите нема да биде американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека нема да присуствува на венчавката на својот син.
Инаку, парот во декември минатата година ја објави свршувачката на настан во Белата куќа, а првпат беа поврзани во средината на 2024 година.
Според пишувањето на магазинот „People“, Андерсон и Трамп Помладиот брзо развиле сериозна врска, а извори блиски до парот тврделе дека нивната романса „се движи во добра насока“ и дека би можела да биде долгорочна.













