Сервис за возила во Штип крадел струја: фактурирана штета од 150.610 денари за само 4 месеци

Макфакс

22/05/2026

10:20

173

Големина на фонт

а а а

Во Штип е откриено нелегално користење на електрична енергија во сервис за возила, со фактурирана штета од 150.610 денари за период од само четири месеци.

Екипите на Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Штип, во координација со специјализираниот Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, открија случај на кражба на електрична енергија во сервис за возила на улица Железничка во Штип, известија од Електродистрибуција.

Нелегалното користење на електрична енергија е утврдено дека се одвивало во периодот од јануари до почеток на мај 2026 година.

Како што соопштија од Електродистрибуција, констатирано е противправно користење на електрична енергија преку трифазно броило во мерен ормар и скинати пломби и премостување на проводници на една фаза за влез и излез на броилото.

„Поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ и изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 150.610,00 денари“, додаваат од Електродистрибуција.