Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

Макфакс

22/05/2026

10:00

171

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ Венко Филипче остро ги демантираше шпекулациите за формирање широка влада или нова коалиција, нагласувајќи ја поддршката за европските интеграции и потребата од реформи во Македонија.

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја?“

Изјава на претседателот на СДСМ

„Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, додаде тој.