Филипче: Скандал е протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска, и Стоилковиќ е соработник на српските служби и „Ноќните волци“ на Путин, тоа е концептот на власта

Макфакс

21/05/2026

16:30

216

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека протекувањето на информации од кабинетот на Сиљановска претставува голем скандал кој мора да се расчисти и дека вицепремиерот Стоилковиќ е соработник на српските служби, со блиски врски со групата „Ноќните волци“.

Филипче: Скандал е протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска

Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска рече дека протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска е скандал кој мора да се расчисти и да има одговорност, потенцирајќи дека не е изненаден затоа што има и вицепремиер кој е соработник на српските служби.

Стоилковиќ и соработката со српските служби

„Тоа е скандал којшто треба да се расчисти. Да има такво протекување на информации како што пишува во медиумите од земја членка на НАТО е најмалку на ниво на скандал и тука луѓе треба да преземат одговорност вклучувајќи ја и претседателката. Но, тоа мене не ме изненадува. Ние имаме вицепремиер, соработник на српските служби Стоилковиќ, кој има комуникација со „Ноќните волци“, блиски на Путин. Тој на дневна основа вади информации надвор од земјава. Така да се е тоа ова владеење, се е тоа концептот на оваа власт“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.