Повторно приведена мисицата, сопственичка на „славните“ крави од кривопаланечко

A1ON.MK

21/05/2026

17:12

648

Големина на фонт

а а а

Поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска повторно е приведена, откако, според информациите од полицијата, се обидела да ја попречи акцијата за заловување и заплена на добиток што ја спроведувале надлежните служби кај Крива Паланка.

Од МВР информираат дека на 20 мај 2026 година во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода 28-годишната Ј.Ѓ. од Крива Паланка.

„Постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано ‘Калин камен’ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток, Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Јулија и нејзиното семејство се сопственици на „славните“ крави од кривопланчеко поради кои имаше големи полаки од жителите на неколку села. Добитокот постојано слободно шета и како што обвинуваа селаните, правел штета по нивите.