Алмодовар остро за Трамп: „Уметниците имаат должност им да се спротивстават на чудовиштата“

Точка

21/05/2026

07:52

487

Големина на фонт

а а а

Со Оскар наградениот шпански режисер, Педро Алмодовар ги повика уметниците на Канскиот филмски фестивал отворено да зборуваат за општествените кризи, оценувајќи дека нивна морална должност е да бидат штит против „чудовишта“ како американскиот претседател Доналд Трамп.

„Создателот од својата мала платформа мора да зборува без заобиколување. Молчењето и стравот се многу лош знак и претставуваат знак на ерозија на демократијата“, изјави Алмодовар на прес-конференцијата по премиерата на својата трагикомедија „Bitter Christmas“ (Горчлив Божиќ).


Тој додаде дека уметниците имаат обврска да станат еден вид штит против лидери како Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху или рускиот претседател Владимир Путин.


„Трамп мора да знае дека постои граница за сите негови заблуди и лудила и дека Европа никогаш нема да се поклони на неговата политика“, порача славниот шпански режисер.


Како што пренесе Ројтерс, Алмодовар со својот нов филм шести пат се натпреварува за главната награда на фестивалот, „Златната палма“, а главната улога ја толкува Леонардо Сбараља, кој игра режисер кој користи детали од сопствениот живот за пишување ново сценарио.