Сладолед-сендвич од 4 состојки: Кремаст десерт со обланда на кој е невозможно да му се одолее, се прави за помалку од 5 минути

Точка

20/05/2026

21:50

203

Големина на фонт

а а а

Ако обожавате сладолед-торти што се подготвуваат брзо и лесно, ова е рецепт што не смеете да го пропуштите. Потребни ви се само пет минути и четири состојки, а ве очекува вистинско слатко задоволство!

Брзите торти инспирирани од сладолед-сендвичи во последните години станаа вистински хит меѓу љубителите на кремасти десерти. Овој десерт ќе ве воодушеви со комбинацијата од крцкава обланда и лесен, освежителен фил што потсетува на омилениот летен сладолед од детството.

Најдобро од сè е што се подготвува неверојатно лесно, а ви се потребни само неколку состојки, без вклучување рерна и без долго стоење во кујна!

Мал трик: обландата можете да ја исечете на помали коцки за полесно сервирање, иако тортата ќе изгледа убаво и ако само ја поклопите со цел лист обланда.

Потребни состојки:

• 150 мл. + 140 мл. кондензирано млеко
• 250 мл. + 250 мл. слатка павлака
• 2 листа обланда
• 20 гр. какао


Подготовка:

Во сад ставете кондензирано млеко, додајте какао и добро измешајте додека не добиете изедначена смеса, па тргнете ја настрана.

Во друг сад изматете ја слатката павлака со миксер, потоа додајте ја смесата со какао и продолжете со матење додека состојките убаво не се соединат.

На дното од калапот ставете обланда, по желба исечена на квадрати, па врз неа распоредете го подготвениот фил и израмнете ја површината. Оставете во фрижидер околу 30 минути.

Во меѓувреме, во посебен сад изматете слатка павлака, додајте 140 мл. кондензирано млеко и кратко повторно изматете. Добиениот фил премачкајте го врз изладената торта, израмнете, а потоа поклопете со вториот лист обланда.

Вратете ја тортата во замрзнувач за убаво да се стегне.