„BMW“ го враќа задниот погон во својот најмал автомобил

Точка

20/05/2026

15:17

265

Големина на фонт

а а а

Моделот, кој најверојатно ќе го носи името „BMW i1“, пристигнува до крајот на деценијата и ќе биде наследник на некогашниот „BMW i3“.

„BMW“ планира голем пресврт во својата компактна понуда. Новата генерација на најмалиот модел повторно ќе користи погон на задните тркала, но овојпат без мотор со внатрешно согорување.

Идниот електричен модел, кој најверојатно ќе го носи името „BMW i1“, ќе пристигне до крајот на деценијата и ќе биде наследник на некогашниот „BMW i3“.


За разлика од актуелната Серија 1 со преден погон, новиот „i1“ ќе користи специјална механичка платформа за електрични возила со заден погон.

Сепак, „BMW“ нема целосно да ја укине бензинската Серија 1. Моделот со мотори со внатрешно согорување ќе продолжи да се продава паралелно со електричната верзија, но двата автомобили ќе имаат сличен дизајн и нова технологија „Neue Klasse“.

Според информациите на британскиот „Autocar“, електричниот „i1“ би требало да се појави во 2028 година, додека конкурентите како новите модели на „Audi“ и „Mercedes“ ќе пристигнат порано.


„BMW“ и понатаму инсистира на стратегијата „Power of Choice“, односно можноста за избор меѓу бензински и електрични модели.

Купувачите така ќе добијат ист модерен дизајн и технологија без разлика на видот на погонот.