[ФОТО] Една од најубавите жени во светот изненади со својот изглед во Кан, на многумина им е непрепознатлива: „Како воопшто да не е таа“

Кармин

20/05/2026

14:20

746

Големина на фонт

а а а

Појавувањето на бразилската убавица Изабел Гулар на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан стана тема на разговор на социјалните мрежи поради нејзиниот значително поинаков изглед во однос на претходните појавувања.

Бразилската манекенка се појави на премиерата на филмот „Fjord“ со својот партнер Кевин Трап, меѓутоа, нејзиното значително поинакво лице беше во центарот на вниманието.


Следуваа коментари на социјалните мрежи кои сугерираа дека се подложила на козметички зафати.

„Збунет сум! Што се случи со нејзиното лице? Зошто изгледа толку поинаку? Како тоа воопшто да не е таа“, „Непрепознатлива“, „Дали е ова вистинската Изабел Гулар?“, „Нејзиното лице изгледа помладо, поинаква е. И понатаму е убава, но го изгубила својот идентитет“, се нижеа коментарите.

На мрежата X споделуваа нејзини стари фотографии споредени со изданието од Кан, укажувајќи на разликите во изгледот. Споредуваа фотографии кои не се направени толку одамна — во текот на 2024 година — истакнувајќи колку всушност се променила.

Гулар своевремено за магазинот „Grazia“ изјави: „Убавината доаѓа одвнатре. Сакам да ги охрабрам жените да прават сè што сакаат за да се чувствуваат убаво и самоуверено“.

Манекенката ја започнала кариерата како тинејџерка, а меѓународна слава стекна благодарение на својата работа за брендот „Victoria's Secret“, каде што стана една од најпрепознатливите ангели.

Освен на модните писти, се појави и во бројни рекламни кампањи, списанија и модни едиторијали ширум светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk