Културно лето на Чаир – еден месец настани во Општината

Макфакс

20/05/2026

11:00

160

Големина на фонт

а а а

Општина Чаир организира „Културно лето на Чаир 2026“, манифестација што ќе понуди разни културни, уметнички и спортски настани во текот на јуни, со цел промоција на културното богатство и збогатување на локалниот живот.

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации.

Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности.

Културно лето на Чаир 2026“ претставува манифестација што ги обединува граѓаните и го претвора Чаир во простор на средби, славење и културно доживување во текот на целиот месец јуни.