Во соопштение од СДСМ се обвинува Владата на Мицкоски за лицемерие бидејќи вклучува функционери со бугарски пасоши, додека се противат на правата на малцинствата во Уставот и се критикува нивниот однос кон европската иднина и политичките процеси во Македонија.
„Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши. ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства“, соопшти СДСМ.
Причина за одбивање
„Зошто го одбија? Затоа што пола Влада веднаш ќе требаше да си замине. Може во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши ама малцинства во Уставот – тоа не може. Ова е врв на лицемерие и лажење на граѓаните.
Хистерија и лажен патриотизам
Со години ширеа хистерија, страв и лажен патриотизам. Ги лажеа граѓаните дека некој им го загрозува македонскиот идентитет, додека тие тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства.
Состав на Владата
Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори – цела мрежа на функционери на ВМРО-организираната криминална група со бугарски пасоши.
Изолација и европска иднина
Додека Македонија намерно ја држат во изолација и создаваат конфликти со соседите, за себе одамна си ја обезбедиле европската иднина.
Политичка оценка
Одбивањето да се прифати предлог-законот на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика.
Преспанскиот договор
Признаа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.
Признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот јазик, култура и национален идентитет.
Признаа дека НАТО е феноменална работа, дека ја гарантира безбедноста на државата и придонесува за подобра бизнис-клима.
Последно признание
И сега дојде време за уште едно признание – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе со бугарски пасоши.
Заклучок
Овие луѓе повеќе никого не можат да излажат. Прочитани се. Сега нека признаат и дека со години водеа лажна пропаганда само за да дојдат на власт и да ја блокираат европската иднина на Македонија. ВМРО-ОКГ е единица мерка за лага, лицемерие и политичка измама. Но, граѓаните веќе ја знаат вистината“, се наведува во соопштението на СДСМ.











