[ФОТО] Американците тврдат дека и тие ја имаат својата Венеција: Најубавиот град во светот

Точка

20/05/2026

08:00

670

Големина на фонт

а а а

Поради мрежата канали, популарното туристичко место Американците го нарекоа „Американска Венеција“ и тврдат дека патниците овој град го сметаат за еден од најубавите во светот.

Станува збор за Форт Лодердејл во Флорида, за кој Американците велат дека „нуди допир на италијанска магија без потреба од прекуокеански лет“.

„Американска Венеција“

Со оглед на долготрајноста на летовите од САД во Европа, Американците на своите сограѓани им ја препорачуваат посетата на Форт Лодердејл – велат дека нуди „искуство слично на она во Венеција, но без напорно патување, метеж на аеродроми и долготрајни безбедносни проверки“. Тие истакнуваат дека „Форт Лодердејл нуди уникатен животен стил фокусиран на водата, кој спојува луксузно домување, пловидба и ресторани сместени на брегот“.


„Исто како и во Венеција и тука посетителите можат да се возат со автентичните гондоли. Возењето низ реката во траење од 75 минути нуди поглед на раскошните вили и тропското зеленило долж каналот“, пишува „Unilad“.


Живот на вода во текот на целата година

Форт Лодердејл е сместен на атлантскиот брег на Флорида, околу 35 до 50 километри северно од Мајами и нуди безброј забавни активности на своите водени патишта, од риболов и веслање до уживање во гурманската кујна.


Додека од октомври до април бројни други градови се борат со снегот, во Форт Лодердејл температурите се движат околу 26 Целзиусови степени, тврди Мелоди на блогот „Saving To Sail“, која со месеци живее на својот брод во овој град. Таа додаде дека „никогаш нема недостиг“ од вкусни ресторани, но напомена дека не се особено евтини.


Од луксузни вили до песочни плажи

Меѓу најпопуларните места долж каналот е „Millionaire’s Row“ – низа големи вили во сопственост на богаташите. Срцето и душата на градот е булеварот Лас Олас, познат по луксузните продавници и ресторани. Особено популарни се и долгите песочни плажи, како и раздвижениот ноќен живот.


Важен сообраќаен и туристички центар

Неговото пристаниште Порт Еверглејдс годишно опслужува речиси четири милиони патници од крузери, што го прави трето најпрометно пристаниште во светот. Посетителите кои сакаат да останат во градот на располагање имаат широк спектар на сместувања, од хотели со пет ѕвезди до помали, но подеднакво привлечни бутик хотели.



Покрај забавата со водните такси и луксузот на булеварите, Форт Лодердејл претставува и влез во Националниот парк Еверглејдс,што на посетителите им овозможува спој на урбан живот и дивина.