Денеска повеќе делови на општините Центар, Кисела Вода и Карпош ќе бидат без струја поради планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, со различни временски периоди на исклучување.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Црвена Вода бр. 7, општина Центар;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Саса – крак 24, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 6 во населба Бардовци, општина Карпош;
– во периодот од 09.15 до 15.15 часот, корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност – Скопје, општина Центар.







