Трамп: Само еден час ме делеше од наредба за напад врз Иран

Макфакс

19/05/2026

18:33

205

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп изјави дека бил на само еден час од донесување наредба за напад врз Иран и предупреди дека во случај преговорите да пропаднат може да следи нов американски напад, исто така истакна можен дипломатски договор со Куба.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран. Тој откри дека бил на само еден час од донесувањето на конечната одлука за напад, пред да реши да ја одложи акцијата.

„Само еден час денеска ме делеше од тоа да донесам одлука за напад“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.

Американскиот претседател тврди дека иранските лидери во моментов молат да се постигне некаков договор, но упати и директно предупредување во случај преговорите да пропаднат:

„Доколку не се постигне договор, во претстојните денови ќе уследи нов американски напад“.

Трамп спомена рок од два или три дена – петок, сабота, недела или почетокот на следната недела.

Нападот би бил со ограничено времетраење, со цел да се спречи Иран да развие или да дојде до ново нуклеарно оружје.

За време на истото обраќање, Трамп се осврна и на односите со Куба, изразувајќи верување дека е можен дипломатски договор со владата во Хавана, без оглед на тоа дали таму ќе дојде до промена на режимот.

„Куба нè повикува. Им треба помош. Но, Куба е пропадната нација. На Куба ѝ треба помош и ние ќе го направиме тоа“, рече Трамп.