Управниот одбор на ЗЕЛС на седница за предизвиците со кои се соочуваат општините

Макфакс

19/05/2026

16:00

118

Големина на фонт

а а а

Управниот одбор на ЗЕЛС денеска ги разгледа актуелните предизвици на општините и донесе важни одлуки за подобрување на локалната самоуправа, вклучително формирање кризен противпожарен штаб и можности за создавање локални енергетски претпријатија.

На денешната редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што беа донесени повеќе значајни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, информираат од Град Скопје.

Како една од клучните мерки, Управниот одбор донел одлука за формирање кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел поефикасна координација меѓу општините и институциите во справувањето со евентуални пожари во текот на летниот период.

На седницата присуствуваше и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, со кого се разговараше за можностите за формирање локални енергетски претпријатија. Беше истакнато дека преку користење на енергија од соларни панели, општините ќе можат да обезбедат дополнителни приходи за реализација на локални проекти и подобрување на услугите за граѓаните.

Од ЗЕЛС порачаа дека продолжуваат со активности насочени кон посилни општини, подобра координација и поефикасни институции во интерес на сите граѓани.