Убиство во шума кај Сарај: 18-годишник усмртен со пиштол, осомничениот има 19 години

Макфакс

17/05/2026

10:50

315

Големина на фонт

а а а

Полицијата од СВР Скопје приведе 19-годишник од село Бојане осомничен за убиството со пиштол на 18-годишник во шума кај Сарај. Случајот започна по пријава од таткото на осомничениот, кој пријавил дека неговиот син признал за делото. По истрагата, пронајдени се телото на жртвата и оружјето, а ќе следи кривична пријава.

Полицијата од СВР Скопје ноќеска го лиши од слобода 19-годишниот М.Б. од село Бојане, по основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот започнал по пријава на телефонската линија 192, кога таткото на осомничениот, И.Б., пријавил дека неговиот син му признал дека усмртил 18-годишно лице од истото село.

Според пријавеното, убиството се случило на 15 мај 2026 година во шума во околината на Сарај, каде жртвата Б.Д. (18) била застрелана со пиштол.

По брза полициска интервенција, осомничениот е приведен, а во меѓувреме се пронајдени телото на жртвата и оружјето кое, според првичните информации, било употребено при извршување на делото.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.