Хаос на лет за САД: Патник каснал член на екипажот

Макфакс

17/05/2026

10:30

217

Големина на фонт

а а а

Австралискиот авиопревозник Квантас бил принуден да пренасочи лет од Мелбурн кон САД поради немирен патник кој каснал член на екипажот, предизвикувајќи слетување во Полинезија и забрана за понатамошно летање на тој патник.

Австралискиот „Квантас“ беше принуден да го пренасочи летот кон Соединетите Американски Држави поради немирен патник, а локалните медиуми објавија дека човекот каснал член на екипажот.

Лет од Мелбурн до Далас беше принуден да слета во Папете, главниот град на Француска Полинезија, во петокот поради проблематичен патник.

Човекот беше совладан од други патници, а локалните медиуми, вклучувајќи го и националниот радиодифузер ABC, објавија дека тој каснал член на екипажот на „Квантас“.

По пристигнувањето го пречекаа локалните власти и му беше забрането да лета со сите авиони на „Квантас“.

Безбедноста на нашите патници и екипаж е наш врвен приоритет и имаме нулта толеранција за нарушувачко или заканувачко однесување на нашите летови“, изјави портпаролот на „Квантас“ за АФП во неделата.