Атлетико Мадрид сака да го задржи Нико Гонзалес и за наредните сезони, но не планира да ја исплати трансфер сумата која Јувентус можеше да ја добие со активација на откупната клаузула во договорот за заем.
Под одредени услови, Гонзалес требаше да остане во Атлетико, а Јувентус да добие 32 милиони евра, но Италијанците сега ќе треба да одредат попуст ако сакаат да се ослободат од Аргентинецот.
Откупната клаузула содржела услов за одигрување на најмалку 45 минути од најмалку 21 натпревар во Ла Лига, но Нико се појави на 24 средби, а на само 16 од нив го исполни условот со бројот на минути.
Со оглед на актуелната повреда и фактот дека нема да го исполни цензусот до крајот на сезоната, јасно е дека Атлетико има подобра преговарачка позиција и не е подготвен да плати повеќе од 25 милиони евра за аргентинскиот репрезентативец.
Јувентус има потреба од освежување во клупскиот буџет поради обврските кон финансискиот фер плеј на УЕФА, па се чини дека нема премногу избор, посебно што Лучијано Спалети не е голем фан на офанзивниот фудбалер.





