Уапсен возачот кој вчера во Скопје со сеат удри во 13-годишен велосипедист

Макфакс

15/05/2026

11:31

225

Големина на фонт

а а а

Во Скопје е уапсен 20-годишен возач на „сеат“ кој удрил во 13-годишен велосипедист на улицата Коце Металец. Малолетникот е тешко повреден, а возачот е лишен од слобода и ќе следува пријава по расчистување на случајот.

Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.П. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.