Федералната администрација за воздухопловство на САД одлучи Меѓународниот аеродром Палм Бич во Флорида да се именува по Доналд Трамп, почнувајќи од 9 јули. Аеродромот ќе добие и нова ознака со иницијалите на претседателот Трамп и се очекуваат големи подобрувања.
Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) објави дека Меѓународниот аеродром Палм Бич во Флорида официјално ќе биде именуван по американскиот претседател Доналд Трамп, почнувајќи од 9 јули. Тоа е најновиот во низата објекти, институции или владини програми што го носат неговото име, велат медиумските извештаи.
Министерот за транспорт Шон Дафи претходно изјави дека ознаката со три букви на аеродромот ќе биде променет од PBI во DJT, по иницијалите на Трамп.
Трамп претходно навести дека аеродромот ќе претрпува големи подобрувања, но не прецизираше кои се тие подобрувања.
„Имаме многу планови. Ќе се додадат многу одлични работи за да биде поголем и подобар. Не мислам дека ќе има аеродром никаде во земјата толку добар како вашиот“, рече Трамп.







