Љубовната врска што го „разбранува“ Брисел: Најмладата европратеничка се заљубила во 24 години постар политичар

Точка

14/05/2026

22:23

2.171

Големина на фонт

а а а

Лена Шилинг, 25-годишната пратеничка во Европскиот парламент, редовно е тема на медиумите, а сега во фокус се најде нејзиниот љубовен живот. Имено таа е во врска со својот колега, кој е 24 години постар од неа.

Шилинг, инаку Австријка и за време на својата изборна кампања за Европскиот парламент во 2024 година како водечка кандидатка на Зелените често завршувала на насловните страници поради приказни од приватниот живот, при што се пишувало дека измислувала врски и ширела лажни тврдења за други. Но, откако му се приклучила на парламентот, работите станале малку помирни, пишува „Куриер“.


Меѓутоа, според најновиот извештај на „Кронен цајтунг“ најмладата пратеничка на Зелените неодамна се заљубила во 49-годишниот Бас Еикхаут. Холанѓанецот е копретседавач на групата Зелени/ЕФА во Европскиот парламент. Двајцата подеднакво се опседнати со „меѓународни сертификати за емисии“.


Парот дури ја обелоденил својата врска пред својата парламентарна група — и тоа во Загреб за време на студиско патување. Австриските медиуми пишуваат дека тајноста на врската би можела да доведе до судир на интереси, а Европскиот парламент инаку бара од своите членови да ги откријат сите врски.


„Откривањето обезбеди сите во групата да бидат информирани за врската и таа да не влијае врз работата на групата“, изјавија зелените пратеници во Европскиот парламент за „Политико“.


Во текстот понатаму се наведува дека вклучените го опишале откривањето како „непријатно“, а врската како „проблематична“, додека едно лице додало: „Љубовта е љубов“.


Парот во ноември учествувал на климатскиот самит КОП во Бразил. Холандските медиуми пишуваат дека Холанѓанецот има ќерка од претходна врска, но не е познато колку долго се заедно.