Жена од Скопје се здобила со сериозни повреди откако паднала во шахта на булеварот "Партизански одреди". Повредената била префрлена во здравствен комплекс каде и е укажана прва помош, додека на местото на настанот беше извршен увид.
Четириесет и седумгодишната С.Д. од Скопје била донесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, соопшти МВР.
Според пријавеното, таа се здобила со повредите по пад во шахта на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
По настанот бил извршен увид.







