[ФОТО] „Audemars Piguet“ и „Swatch“ претставуваат необична колекција часовници: Можат да се носат и како џебни часовници или околу вратот

Точка

13/05/2026

15:00

398

Големина на фонт

а а а

Брендот „Audemars Piguet“ во соработка со „Swatch“ наскоро ќе претстави необична колекција часовници.

Инспирирани од „Swatch POP“ од 1980-тите и „Royal Oak“ од 1972 година, овие осум модели ќе можат да се користат како џебни часовници, околу вратот или како столни часовници. Секој часовник има рачно навиван „SYSTEM51“ механизам со 90-часовна резерва на енергија и сафирен капак на куќиштето.


Целиот прход од продажбата ќе оди за зачувување на ретките часовничарски вештини и поддршка на младите часовничарски таленти. Часовниците се изработени во необични комбинации на бои, меѓу кои се издвојува комбинацијата на розова и бела боја, со шарени стрелки, како и комбинацијата на црна и бела боја како класичен модел.


Освен тоа, необичната комбинација кај еден од моделите е изработена со жолта рамка, сино куќиште и розова кука. Исто така, ќе биде достапен модел во впечатливо зелена боја, како и темносин модел со портокалови детали.

Според најавите, овие часовници би требало да бидат пуштени во продажба оваа сабота.