Холивудската икона Џоан Колинс донесе гламур на црвениот тепих за време на церемонијата на отворањето на 79-от Кански филмски фестивал во „Palais des Festivals“ во вторникот навечер.
Џоан, која има 92 години, блескаше во бел фустан кој го искомбинира со дијамантски ѓердан и црни ракавици. Фустанот бил инспириран од орхидеи, а го дизајнирал Стефан Ролан.

Актерката на црвениот тепих позираше со францускиот актер Лоран Лафит.
Овогодишниот фестивал го отвора францускиот филм „La Vénus Électrique“ („The Electric Kiss“) на режисерот Пјер Салвадори.
Претседател на жирито оваа година е Парк Чан-Вук, познат по филмови како „Oldboy“. Во жирито се и големи имиња како Деми Мур, Клои Жао, Стелан Скарсгард и Рут Нега. Тие ќе одлучуваат за добитникот на Златната палма (Palme d'Or), главната награда на фестивалот.

Покрај Колинс, која прошета по тепихот, посебно внимание привлекоа и Деми Мур, Хајди Клум, Џејн Фонда и Маура Хигинс.
Кан и понатаму е едно од најважните места за филмска мода и гламур, но организаторите ги задржаа построгите правила на облекување — забранети се целосно проѕирни фустани, преголеми шлепови и премногу екстравагантни комбинации што го отежнуваат движењето по тепихот.


